Во просториите на Музејот на Град Скопје на 22 септември во 19 часот ќе биде oтворена изложбата на уметникот Ранко Дакиќ.

Тој е роден во Скопје 1958 година. Завршил основно училиште во Кавадарци, Училиште за применета уметност во Скопје (1978) и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1985).  Од 1987 живее и работи како самостоен уметник во Берлин и Кавадарци.

Бил предавач по моделирање и цртеж во Уметничкото училиште во дворецот Шарлотенбург, Берлин. Член е и на ББК (Асоцијација на професионални уметници на Берлин), а има реализирано повеќе самостојни изложби во Германија и Македонија.

Дакиќ  (1958)  е  нетипичен  уметник,  барем  за  Балканот  (од  каде  што  потекнува). Тој  не  плете  мистерии  и  митови  (толку  сакани  на  Балканот!)  околу  уметноста, вклучително  и  својата,  не  измислува  приказни  за  проклетството  на  уметникот,  за  игнорирањето од страна на државата, за тешкиот живот… За него уметноста е вечна борба, постојан судир со себе, психотерапија, самопрогон, некогаш ништавило, но и спас, аждер што бара жртва – ако си подготвен да  се  жртвуваш!…