Изложба на македонски уметници во амбасадата во Вашингтон

133

Во македонската амбасада во Вашингтон отворена е групната изложба Мултикултурна група на уметници на Република Северна Македонија.

На отворањето нa изложбата говореа вршител на должност амбасадорка на Северна Македонија во САД, Мариона Марку и кураторот Виолета Калиќ.

На изложбата се застапени 60 уметници од повеќе генерации со 91 дело изработени во различни техники како акрил, масло на платно, акварел, комбиниран колаж, рециклирани материјали, пастел и графика. Застапени се и такви техники како реди мејд, сајбер сфера и хипер реализам.

Изложбата во Северна Америка за првпат се отвори во Отава, Канада, по повод Денот на независност на нашата земја, а по излагањето во Вашингтон, планирано е да оди во Њу Џерси, Бостон и уште неколку други американски градови.

Изложбата затапува плејада од македонски визуални уметници кои добиле национални и меѓународи награди и признанија. Некои, покрај тоа што се занимаваат со уметност, се и ректори, професори на факултати за ликовна уметност и училишта, шефови на катедри, декани или антрополози па и правници.

Во изложбата, се уште застапени и уметнците Мирослав Масин, Вангел Срнаков, Бурхан Ахмети, Зоран Јакимовски, Симона Јакимовска, Тони Шуљаковски и други. Многуминаод нив се со постојано место на живеење во други земји како Франција, Шведска или Германија.

Изложбата е организирана од Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје, а финансирана од Градот Скопје и од Министерството за култура на Република Северна Македонија со поддршка и од Министерството за надворешни работи и амбасадите на Северна Македонија во Отава и во Вашингтон.