Изложба на Ивона Велковска „Откривајќи го просторот„ во Дом на АРМ

195

Во Домот на АРМ, Скопје вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на Ивона Велковска на тема „Откривајќи го просторот„.

Изложбата ќе ја отвори претседателот на Друштвото на ликовни уметници на Македонија Филип Фидановски, а ќе се обрати и Виолета Савевска кустос од НУ Музеј на современата уметност – Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени 30 слики во техниките – акрил и масло на платно.