Изложба на Владан Ранѓеловиќ во Општина Бутел

238

Во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски денеска ја отвори изложбата на ликовниот уметник од Ниш, Србија, Владан Ранѓеловиќ. Во холот на Општината се изложени  20 негови слики од циклусот „Црвена игра“.

Владан Ранѓеловиќ е повеќегодишен учесник на ликовната колонија во Љубанци со што со право можеме да го наречеме доајен на колонијата. Тој е роден во Ниш, Република Србија, на 22.04.1975 година.

Завршил сликарство, а магистрирал вајарство на факултетот за ликовни уметности во Приштина. Покрај тоа што е познат и афирмиран ликовен уметник во Србија, тој е и професор на Факултетот за ликовни уметности во Ниш.

Досега има одржано над 35 самостојни изложби во Србија и Европа, а има учествувано и во над 150 групни изложби.

Изложбата ќе биде отворена до 26.06.2019 година.