Изложба: Карикатури на Божидар Поп-Антоски

168

„Позиција: опозиција“ е насловот на самостојната изложба на карикатури на Божидар Поп-Антоски, која е отворена во Галеријата на Кинотека, а посетителите ќе може да ја погледнат до 20 октомври (недела).

Авторот Божидар Поп-Антоски, како постојан набљудувач на општествено-политичките прилики и неприлики преку 28 карикатури дава свој осврт на стварноста со една препознатлива горчливо-духовита нота на своите цртежи.

Божидар Поп-Антоски (1951 година) со свои цртежи, карикатури, се јавил прв пат во 1969 на страниците на Остен. Објавил голем број цртежи и карикатури во Македонија и во Југославија, а препечатуван е и во странство: Чешка, Русија, Бугарија. Со свои самостојни изложби се претставил во Скопје, Кавадарци, Струмица и Куманово. Учесник е на повеќе конкурси, изложби и галерии, на повеќе годишни изложби на Здружението на карикатуристите на Македонија, дома и во странство. Во 1980 ја објавил своја прва збирка карикатури со наслов „Песни“, а во 2010 е објавена неговата втора збирка карикатури со наслов „Времето-Цртеж“. Застапен е и во публикацијата „Македонската карикатура“. Живее и работи во Скопје.