Изложба: “Асемантички записи” на Тричковска во МКЦ

131

“Асемантички записи” – изложба на Ивона Тричковска од вечерва (28 февруари) ќе биде претставена во Галеријата на МКЦ. Изложбата која ќе биде отворена во 19 часот, е своевиден авторски „work in progress” на еден специфичен ликовен јазик во кој доминира текстуалниот графицизам на платна со нагласена ѕидна монументалност во совладувањето на една визуелна целина во просторот.

“Слободните” мурални платна претставуваат полуапстрактни текстуални записи испишани на јазикот на асемантиката, имајки предвид дека не само текстуалните инскрипции туку и гестуалните, неформални траги имаат своевидна знаковна носивост, извесна јазична текстура…

Во поновата авторска продукција покрај “Асемантички записи” (Виена, 2018), се и “Јазикот на ѕидот” (Тетово, 2017), “Инит” (Куманово, 2018).