Изложбата „Излез од темнината“ на Сашо Милевски во КИЦ

95

Во Изложбениот салон – Империјал 1 при Културно-информативниот центар – Скопје, на 14 април во 16 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Излез од темнината“ на Сашо Милевски.

На изложбата ќе бидат презентирани 25 дела работени во техника акрилик на платно, создадени од 2019 до 2021 година.

Сашо Милевски е роден 1987 год. во Битола. Дипломирал „Електротехника и информациски технологии“ во Скопје во 2012 година, а една година подоцна на истиот факултет завршил и посдипломски студии. Активно се занимава со сликарство од 2015 година. Изложбата посетителите ќе можат да ја погледнат до 28 април.