Излезноста на локалните избори до 15 часот 31, 80 отсто

116

До 15 часот излезноста на гласачите на Локалните избори е 31,80 отсто од добиени податоци од 69,86 отсто од избирачките места. На овие избирачки места гласале 403 715 гласачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, кој оцени дека ова е солиден процент на излезност на гласачите.

Најголема излезност до 15 часот има во Новаци 59, 16 отсто, во Демир Хисар 54, 87 отсто, во Лозово 54, 04 отсто, во Вевчани 51, 25 отсто, во Карбинци 49, 43 отсто, во Крива Паланка 49, 15 отсто и Крушево 48, 48 отсто. Од поголемите општини во Гостивар излезноста е 23, 7 отсто, во Тетово 26, 1 отсто и во Куманово 28,65 отсто.

Најмала излезност има во Центра Жупа 19, 1 отсто, во Шуто Оризари 19, 15 отсто и во Липково 19, 99 отсто.