Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, организаторите националната мрежа против хомофобија и трансфобија пред малку го започна овогодинешното издание на „Скопје прајд“.

Фото: П. Стојановски  Н. Батев

Неколку илјади луѓе околу 17 часот се собраа на почетната точка во паркот „Жена-борец“ во Скопје за почетокот на третата по ред скопска парада на гордоста.

Протестниот марш низ улиците на Скопје ќе продолжи кон Стадионот на АРМ. На парадата во центарот на Скопје, може да се види и засилено полициско обезбедување.

Меѓу присутните на парадата има и јавни личности и владини министри.

Настанот е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Првиот „Skopje Pride“ се одржа во 2019 година, а по една година пауза поради ковид-пандемијата, втората парада се случи минатото лето.