Изданија: Сите романи на Божин Павловски во една едиција

175

Сите 16 романи на академик Божин Павловски во една едиција насловена „Романи создадени отаде морињата” по повод 60 години творештво на авторот објавија МАНУ и „Матица македонска“. Едицијата е во обем од 6.200 страници и ги содржи сите романи што Павловски ги создал творејќи во далечни земји. Содржи и 16 есеи од познати македонски и српски книжевни теоретичари. Меѓу објавените романи, 11 освоиле значајни меѓународни и домашни признанија, како Интербалканската награда за книжевност во Грција, наградата „Екселзиор” за унапредување на европската проза во Романија, меѓународната награда „Арка” во Србија, нашата државна награда „11 Октомври”, Рациновото признание, наградите „Стале Попов” и „Духовен воин”… Божин Павловски за своето богато творештво ја добил и наградата „11 Октомври” за животно дело, а за својата културна дејност е одликуван со Орден заслуги за народ. Повеќе од 30 години тој го координира излегувањето на двата македонски неделни весника во Австралија.