Изданија: „Крстна коска“ на Сарџоска објавена во Италија

35

Поетската книга „Крстна коска“ на Наташа Сарџоска, преведена на италијански јазик е објавена во Милано.

Книгата ќе биде промовирана на саемите за книга во Милано во април 2020, како и на најголемиот саем за книга во Италија во Торино во мај.

Италијанската промоција ќе се одржи на 14 март, во Националната библиотека во Рим, заедно со италијанскиот поет Лука Бенаси и гитаристот Франко Тоде.

Македонската промоција на „Крстна коска“ се одржа во МКЦ и во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје и во галеријата „365“ во Охрид минатата година.