Издание: Есеи за романите на Божин Павловски

125

По повод 77 години од раѓањето на Божин Павловски, „Матица македонска“ ја објави книгата „77 есеи за романите на Павловски“, во избор на писателот Блаже Миневски.

Во книгата се застапени текстови од истакнати македонски писатели, литературни критичари и научници, како Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Милан Ѓурчинов, Влада Урошевиќ, Паскал Гилевски, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Катица Ќулавкова, Санде Стојчевски…

Божин Павловски (1942) е македонски и австралиски писател. Живее и твори во Скопје и во Мелбурн. Автор е на 22 романа, а за богатиот романесиерски опус е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело.