Изграден дел од скејт парк во спортско-рекреативниот парк „Илинден“

353

Во спортско-рекреативниот парк „Илинден“ изграден е дел од скејт парк за спортови на ролери и скејтборд (слалом – скејт, спид скејтинг, фристајл скејтинг и други спортови).

Реализацијата на овој проект, вреден 4,3 милиони денари е финансирана со средства од грант стекнати после успешната имплементација на проектот „Реконструкција на локалниот пат Кадино-Клучка автопат А4”, финансиран со подзаем од МСИП.

-Со изградбата на скејт паркот за спортови на ролери и скејтборд се создаваат квалитетни услови и можности за промовирање на спортски активности и натпревари кои досега ги немаше во Македонија, а се застапени во европските земји. Ова ќе придонесе за привлекување на гости од други држави за учество на натпревари, но и посета на туристи од други региони од земјата и од странство-информираат од Општина Илинден.

Оттаму додаваат дека изградбата на скејт паркот е особено важна за подобрување на квалитетот на живот на младата популација.

Овој проект е дел од Стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден за периодот 2017-2021 година во областа на културата и спортот, односно за изградба на спортско-рекреативна инфраструктура.