Изгоре новогодишната елка на Менхетн/ВИДЕО

455

Полицијата го уапсила мажот кој синоќа ја запалил големата новогодишна елка поставена пред деловната зграда на Менхетн во која се наоѓаат редакциите на „Фокс њуз“, „Њујорк пост“ и „Волстрит журнал“.

Обезбедувањето на „Фокс њуз“ во ноќните часови забележало човек како се качува на новогодишната елка, висока 15 метри пред деловната зграда на Менхетн, соопшти њујоршката полиција.

Накитената вештачка елка набрзо потоа била целата во пламен, па морале да реагираат и пожарникарите кои го изгаснале пожарот.

Четириесет и деветгодишниот маж кој ја запалил елката се обидел да побегне, но малку подоцна тој е уапсен и обвинет за повеќе кривични дела.