Изгоре куќа во пожар, нема повредени

184

Изгоре куќа во пожар што избувна вчера претпладне во 10 часот на улица „Јовче Чучук“ бр. 40 во месноста Јурија во Велес, но нема повредени лица. Станарите навреме ја напуштиле куќата.

Екипите на Територијалната противпожартна единици од Велес го локализирале пожарот околу 11 часот и спречиле да се прошири на соседните куќи. Во гаснењето на пожарот биле активирани три противпожарни и две теренски возила и 15 пожарникари, а се вклучиле и соседите  за да спречат негово ширење.

Според првичните сознанија од очевидци, во куќата имало поголемо количество на пластични шишиња, но дали се тие причина за пожарот треба да утврди истрагата од полицијата.