Изгорена новогодишната елка за Стара нова година

117

Новогодишно украсената елка, поставена во паркот кај езерцата во Делчево, на Стара нова година беше мета на вандали. Полуизгорена, таа сведочи за односот на поединци кон општинскиот имот.

Од тие причини, Општина Делчево повторно ги информира граѓаните дека ќе се преземат ригорозни мерки за заштита на општинскиот имот, а во согласност со измените на Законот за јавна чистота од 2013 година е забрането уништување на урбана и друга опрема. Казната за овие дела е мандатна и согласно со член 33 од истиот Закон, таа изнесува 200 евра во денарска противвредност.

Како што информираат од Општината, инспекциските служби ќе ги засилат контролите на јавните површини во центарот на градот и апелираат да не се уништува урбаната опрема, како и новогодишните светилки и реквизити, бидејќи со тоа се уништуваат јавни добра купени со буџетски средства, а покрај материјалната штета, лицата кои ги уништуваат новогодишните светлечки украси, кои се под висок напон, го изложуваат на ризик сопственото здравје и живот.