Изгаснат пожарот на „Рузвелтова“

116

Изгаснат е пожарот што денеска попладне изби во стан на петтиот кат во зграда  на улицата „Рузвелтова“ во Карпош 1.

Во гаснење на пожарот интервенираа противпожарните екипи со 15 пожарникари и пет возила. На терен се и екипи на Брзата помош.

Нема повредени станари, ниту пожарникари. Се уште нема информации за причините за пожарот.