Изгаснат пожарот кај кичевското село Туин

54

Изгаснат е пожарот, што во средата вечерта избувна во атарот на кичевското село Туин, при што беше опожарена површина од околу два хектари обрасната со нискостеблеста и деградирана шума и сува трева.

Од Шумското стопанство „Лопушник“ информираат дека по секојдневните интеревенции на нивни вработени, пожарот е изгаснат и нема опасност од негово ширење и реактивирање.

-Пожарот кој пред три дена избувна во атарот на село Туин е целосно изгаснат, по интервенција на вработените задолжени за гасење на пожари од ШС „Лопушник“ Кичево. Со гаснењето на пожарот спречено е негово натамошно ширење што можеше да предизвика и опожарување на селските куќи или плевни. Во гаснењето на пожарот приодонес има и високата влага на листот и пролетната вегетација во текот на ноќта, рече Анета Спасеноска, одговорна за пожари во Подружницата на ШС „Лопушник“ Кичево.

Таа посочи ако се остварат прогнозите на метеоролозите тогаш е извесно дека дожд ќе заврне и во кичевскиот регион, со што ќе се надмине и најмалата веројатност од реактивирање на овој пожар.

Поради тешко пристапниот терен,  на пожарот не можеа да интервенираат специјалните возила за гаснење на пожари на ТППЕ Кичево.