Изгаснат е пожарот на Пластичарска

127

Пожарот кој попладнево избувна во објект на улицата позната како „Пластичарска“ е изгаснат.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенирала со шест возила и околу 15 пожарникари. Од пожарот била зафатен покривот. За сега не се утврдени ниту материјалната штета, ниту пак причините за пожарот.

Дел од медиумите јавија дека е блокиран дел од булеварот „Никола Карев“ на потегот кон Бит Пазар.

Гори објект кај Пластичарска – улица е затворена за сообраќај/ФОТО