Извршниот директор на Твитер поднесе оставка

26

Основачот и извршен директор на Твитер Џек Дорси денеска поднесе оставка како прв човек на оваа социјална мрежа и но ќе остане член на менаџментот на Твитер најмалку до следната година.

Технолошкиот директор на Твитер, Параг Агравал, ќе ја преземе функцијата на извршен директор.

– Одлучив да го напуштам Твитер затоа што верувам дека компанијата е подготвена да тргне понатаму од своите основачи. Мојата доверба во Параг како директор е голема. Неговата работа во изминатите 10 години беше трансформативна. Длабоко сум му благодарен за неговите вештини, срцето и душата. Време е за водечка улога, ја пренесе Си-Ен-Ен изјавата на Дорси.

Дорси се огласи и на Твитер каде напиша дека тоа е само негова одлука.

– Тешко ми беше, се разбира. Ја сакам оваа мрежа, компанијата, ве сакам сите, многу. Од една страна тажен сум, од друга среќен. Нема многу компании кои го достигнаа ова ниво. И нема многу основачи кои ја избираат благосостојба на компанијата пред своето его. Знам дека ќе докажеме дека ова беше вистинскиот потег, напиша Дорси.

По објавувањето на оваа вест, акциите на Твитер скокнаа за 11 проценти.

Покрај Твитер, Дорси ја поседува и дигиталната финансиска компанија Сквер.