Извршителите три месеци нема да блокираат сметки

160

Извршителите престанаа со присилната наплата преку блокирање сметки на фирми и граѓани и заплена на имот и предмети, а тоа не ќе смеат да го прават во наредните три месеци.

Ова е овозможено откако во вчера почна примената на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредната состојба, со нејзиното објавување во „Службен весник“.

Во периодот додека е во сила уредбата извршителите ќе можат да наплатуваат само алиментации.

Претседателот на Комората на извршители, Зоран Димов појаснува дека во наредните три месеци нема да вршат присилна наплата, односно нема да постапуваат ни по нови ни по стари налози. Но, ќе ги спроведуваат вообичаените процедури, на пример, ќе предбележуваат во катастарот станови за кои се бара заплена, а во Депозитарот акции, со цел додека трае тримесечниот период на забрана за извршување, да не се случи должникот да ги продаде.

Димов очекува Владата да донесе одлука за одблокирање на блокираните сметки, за протокот на пари нормално да се одвива.

(С.В.)