Дома ТОП 5 Извлечена жрепката за учесниците на Работничките спортски игри 2020 во Берово

Извлечена жрепката за учесниците на Работничките спортски игри 2020 во Берово

53

Според Зоран Нешкевски од општина Берово кој е задолжен за организацијата, годинава на игрите ќе се натпреваруваат 10 екипи од Берово и Пехчево.

-Оваа година турнирот ќе се игра секој со секој по бод систем, а потоа првите 4 екипи ќе извлекуваат ждрепка за полуфиналните натпревари. Полувремињата ќе се играат по 15 минути, по барање и усогласување со сите екипи, соопшти Нешкевски.

Турнирот, како што додаде, започнува в понеделник, со почеток во 17 часот.

Турнирот кој започнува задутре на 10 февруари 2020, ќе го отвори градоначалникот на Oпштина Берово, Звонко Пекевски, а натпреварите ќе се играат во спортската сала „Македонски Бранители”, секој понеделник и четврток, додаде Нешкевски.

За најдобрите екипи, играч, стрелец и голман на турнирот, се обезбедени награди од организаторот Општина Берово.