Извештај на разузнавачите на САД: Климатските промени, јазот меѓу богатите и сиромашните најверојатно ќе ескалираат 

101

Болестите, јазот меѓу богатите и сиромашните, климатските промени и воените конфликти ќе претставуваат сѐ поголеми предизвици за земјите во годините и децениите што следуваат, со пандемијата на Ковид-19 како влошувач на тие проблеми, се дознава од најнов извештај на американското разузнавање. 

Споед извештајот, соперништвото меѓу Кина и коалицијата на западни нации предводена од САД ќе се зголеми, засилено од поместувања во воената моќ, демографијата, технологијата и „зголемените поделби за тоа каква треба да биде власта“, се вели во „Глобални трендови 2040“, подготвен од Националниот совет за разузнавање (НИЦ). 

Регионалите сили и недржавните играчи можат да прикажат големо влијание, чиј резултат е „поконфликтна и немирна геополитичка средина“, како и ослабена меѓународна соработка. 

Извештајот, кој се објавува на секои четири години, ги оценува политичките, економските, социјалните и други текови кои можат да ја формираат националнта безбодносна средина во следните две децении. 

Предизвиците како климатските промени, болестите, финансиските кризи и технолошките нарушувања „најверојатни ќе се манифестираат почесто и поинтенизвно, во речиси секој регион и земја“, создавајќи „проширен товар за државите и општествата, како и шокови кои можат да бидат катастрофални“, се вели во извештајот. 

Се додава дека пандемијата на коронавирус, која досега уби повеќе од три милиони луѓе, го одбележа „најголемото нарушување“ по Втората светска војна, со последици кои ќе останат и ќе траат со години. 

-Нашата намера е да им помогнеме на политичарите и граѓаните… да се подготват за разни можни иднини, велат авторите на извештојот, и додаваат дека не прават специфични предвидувања, а вклучуваат земени податоци од различни групи како американските студенти или африкански граѓански здруженија.