Изборот на градот-домаќин на Евровизија 2020 ги разочара евровизиските фанови/видео

207

Како што е објавено, Евровизја во 2020 година ќе се одржи во Ротердам. По победата на холандскиот претставник Данкан Лоренс многумина очекуваа дека Амстердам, како најлиберален град ќе ги дочека гостите од целиот свет, меѓутоа, тоа нема да биде така.

Многу фанови на овој музички натпревар се разочарани бидејќи како што пишува на форумите, судејќи според политичките и општествено-либералните ставови кои натпреварот ги пропагираше досега, се очекуваше градот Амстердам да биде логичен домаќин – како еден од најлибералните европски градови.

Сепак, Ротердам е еден од најголемите градови во Холандија кој има малку повеќе од 600 000 жители. Натпреварот ќе биде одржан во големата арена која е изградена во 1970 година по примерот на ротердамското пристаниште.
Арената досега повеќе пати е наградувана како една од најголемите и најубавите арени во Европа.