Избрана најдобрата ТВ-серија на 21.век

172

Угледното британско списание „Гардијан“ ја прогласи „Семејството Сопрано“ за најдобра телевизиска серија на 21. век.

Оваа серија за американско мафијашко семејство со незаборавниот Џејмс Гандолфини во главната улога, во времето на прикажувањето беше неизмерно популарна, а во периодот на репризирањето имаше глобална гледаност.

На второ и трето место се најдоа сериите „Жица“ и „Момците од Медисон“, додека меѓу десетте најдобри серии се најде и релативно новата „Флибег“ во продукција на Би-Би-Си.

Според оценката на „Гардијан“ на врвот на сериите на 21.век се и „Брејкинг бед“, „Игра на престолите“, “Пип шоу“, како и „Атланта“…

Списокот е преполн со британски и американски остварувања, додека „остатокот од светот“ речиси и не е застапен на списокот.