Проекти што ќе се финансираат до Програмата за води за 2021година

84

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека средствата во висина од 44.760.000 денари, ќе бидат распределени на следните носители на Програми што се однесуваат на изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти и Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода.

Пари ќе добијат следните проекти:

👉 ЈП Комуналец, Кавадарци, проект: „ Хлорни станици за н.м.Крњево и за н.м.Долна Бошава“
👉 Македонски Брод, проект: „Водоснабдителен систем во с.Драгов Дол“
👉Богданци, проект: „Водоснабдување на с.Селемли“
👉 Берово, проект: „Реконструкција на водоснабдителна мрежа во с.Владимирово“
👉 Неготино, проект: „Реконструкција на водоводна линија на ул.Димче Мирчев и ул.Душан Преграц-крак 2 Неготино“
👉 ЈКП Водовод, Кочани, проект: „Основен проект за препумпна станица за дел од системот висока зона на присок на град Кочани“
👉 Куманово, проект: „Основен проект за реконструкција на водоводна мрежа во град Куманово ул.Киро Фетак“
👉 Липково, проект: „Основен проект за водоснабдување на с.Никуштак“
👉 Зрновце, проект: „Резервоар за вода за висока зона с.Зрновци“
👉 Желино, проект: „Основен проект за водоснабдување на општина Желино ИИИ фаза Потисен и доводен цевковод“
👉 Карбинци, проект: „Регулација и уредување на речно корито Козјачка Река“
👉 Виница, проект: „ Регулација на Градечка Река“
👉 Крива Паланка, проект: „Регулација на минор корито Крива Река“
👉Брвеница, проект: „Проект за инфраструктура за армирано бетонски канал и атмосферски води с.Горни Челопек канал 2“
👉 Делчево, проект: „Регулација на река Брегалница“.

– Во тој контекст, започнува потпишување на посебни Договори меѓу носителите на избраните проекти и Министерството за животна средина и просторно планирање – информираат од ова министерство.