Избор на ЕСПН:Македонскиот дрес најубав на ЕУРО2020

166

Македонскиот фудбалски дрес на коj е симболизирано државното осмокрако сонце во двете црвено – жолта и бела комбинација е најубав во конкуренција на 24-те учесници на ЕУРО2020, во избор на американската телевизиска мрежа ЕСПН.

– Ни се допаѓа буквално сè што содржи овој дрес. Тие се нација за која повеќето луѓе не знаат дека постои, но ми се допаѓа фактот дека нивното знаме е толку директно претставено на нивните дресови. Нивното знаме е импресивно, тоа го нарекуваме намера, а доколку го имате и на дресот тогаш дефинитивно имате и шанса, го образложија својот заеднички избор, еден од уредниците на „ЕСПН“ Клинтон Јетс и поранешниот американски фудбалски репрезентативец Херкулес Гомес, кој сега работи како стручен коментатор за американската телевизиска мрежа.

Македонскиот фудбалски дрес во црвено – жолта и во бела комбинација е дизајниран од германскиот производител на спортска опрема „Јако“, кој од 2014 година ги „облекува“ македонските фудбалски репрезентации.

Изборот на ЕСПН погледнете го на следниот ЛИНК