Избор за Мис Камила на Мундијалот: „Натпреварувачките“ мора да имаат складно тело без импланти/ВИДЕО

138

Во пустината на Катар, на околу 24 километри од Доха, каде што се одржува Светското првенство, се одржа необично натпреварување каде главни ѕвезди беа камилите.

На богатите од овој дел на светот им се (не)официјално дозволени ексцентричности од секаков вид, вклучително и манифестацијата која традиционално секоја година се одржува на овие простори. „Убавиците“ пристигнуваат од сите земји од Персискиот залив за да се натпреваруваат на аукции, трки и во натпревар за најдобри перформанси.

Овој настан е познат како Камел Мазајна или Избор за Мис убавина, јавува Би-Би-Си.

Но, за што се работи?

Станува збор за камили, кои на богатите од истокот им значат многу повеќе отколку купишта злато. Тие можат да бидат секакви: Едногрби, или двогрби, бели, кафени, или црни по боја; и можат да освојуваат титули за најбрзи, најприродни, најмирни и воедно најмлечни.

На натпреварот за убавина, организиран од клубот Катар Камел Мазајен, четириножните убавици се борат за многу титули, под одредени услови. Се натпреваруваат за победа во трки, за давање млеко и други пропозиции. Земени во предвид се и расата и сојот.

Амал Џабер Ал Ахба, претседателка на клубот Мазајен, вели дека изборот за убавина е исклучително популарен и важен, иако се одржува во сенка на Светското првенство. Меѓу другото, Ал Ахба објаснува какви квалитети треба да покажат камилите од одредена раса. Така, на пример, се оценува големината и положбата на ушите на црните камили, некои видови мора да имаат многу складно тело, со овенати уши, а устата да им биде искривена. Покрај специфичната положба и изгледот на ушите, копитата на камилите се исклучително важни. Секој детал е важен и не смее да постои измама.

Но, тоа и те како се случи. Така, минатата година на натпреварот за Мис Камел, кој се одржа во Саудиска Арабија, дури 40 натпреварувачки беа дисквалификувани од натпреварот, бидејќи пристигнаа разубавени со гел-импланти, стероиди и филери.

Абдула Мухамед Андило е задолжен за превентивни прегледи на „натпреварувачките“: никоја од нив не може да им се придружи на соучесничките на „пистата“ освен ако претходно не подложи на прегледи и хигиенски третман.

Убавите камили биле наградени со интересни украси, а нивните сопственици добиле чекови со значителни суми на пари.