Избегнат колапс – Пропадната швајцарска банка најде купувач

254
EPA-EFE/ANDY RAIN

Швајцарската банка UBS Group ќе ја преземе конкурентската банка Credit Suisse за 3 милијарди швајцарски франци (3,035 милијарди евра), објавија компаниите во денеска.

Според условите на акционерскиот договор, акционерите на Credit Suisse ќе добијат 1 акција на UBS за секои 22,48 акции на Credit Suisse што ги поседуваат во вкупната вредност од 3 милијарди франци.