Иднината на Обамејанг зависи од финалето на ФА Купот

32

Иднината на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг во Арсенал ќе биде решена по финалето на ФА Купот, пренесува „Goal.com“. Според истиот извор, 31-годишниот Габонец ќе се согласи да остане во тимот доколку победи, бидејќи сака да игра во Лига Европа.

Во случај на пораз, „топчиите“ нема да обезбедат настап на европската клупска сцена во новата сезона. Финалето на ФА Купот, Арсенал – Челзи ќе се игра в сабота на 1 август. Во сезоната 2019/20, Обамејанг одигра 43 натпревари за Арсенал, постигна 27 голови и запиша три асистенции.