Името на Мервин Кинг е непознато за многумина во Македонија. Тоа е играч на пикадо кој заработил мултимилионски износ во текот на својата кариера.

Кинг беше финалист на Светското првенство во пикадо двапати, заработи скоро четири милиони долари  изминатите години, а сега реши да работи како доставувач на пратки во Амазон.

Во моментов, 22-риот играч на ранг-листата заработува 132 евра на ден, а негова задача е да испорача 200 пакети. Интересно е што тој доаѓа да работи во скапо возило од околу 100.000 долари.

Имено, Кинг доаѓа на работа секое утро со луксузно BMW M6 Coupe, седнува во комбе Mercedes Vido и испорачува пакети до 17 часот.

  • На крајот на краиштата, сите ние се стремиме да заработиме за живот, истакна Кинг.

Од друга страна, тој е добро прифатен од тамошната околина и колегите кои заедно со него ја работат истата работа.

  • Најлесно е да се седне и да не се прави ништо, но тој очигледно ја сака идејата да излезе од куќата и да заработи пари, открива еден негов пријател.

Кинг во досегашната кариера освои неколку значајни турнири. Во 2004 година дојде до титулата на Мастерс турнир, беше втор во Премиер лигата во 2009 година, исто како и на Светските првенства во 2012 и 2014 година.