Првиот пик на НБА драфтот за 2017 година, Маркел Фулц, за само две години одигра само 33 натпревари за тимот на Филаделфија, пред овој во февруари да го трејдува во Орландо. Тој допрва треба да го направи своето деби за „магичните“, но неговиот нов клуб ја активираше четвртата година од неговиот договор, кој според претходно одредена скала, вреди 12.3 милиони долари, иако сè уште нема индикации кога ќе биде подготвен да се врати на паркетот.

Фулц важеше за еден од најталентираните кошаркари пред драфтот во 2017 година, каде бележеше во просек по 23.2 поени, 5.7 скока и 5.9 асистенции по натпревар во универзитетот Вашингтон, а воедно го красеше неверојатен атлетизам и креативност.

Сепак, на самиот почеток на неговата прва сезона, беше јасно дека има нешто лошо во него. Мистериозната повреда на рамото целосно го деформира неговиот шут и значително го ограничи на теренот. Наскоро, Филафелфија реши дека Фулц нема да игра се додека не се открие што му е. По неколкумесечна работа со тренери за да го поправи ударот, Фулц се врати на теренот на крајот на сезоната, а на 11 април стана најмладиот играч во историјата на НБА кој остварил трипл-дабл.  Конечно, се воспостави дека му е нарушено влијанието на нервите помеѓу вратот и рамената, што му создава болка и слабост во раката, а значително ја намалува и неговата подвижност, што на крајот влијае на механиката на шутот. Токму поради ова Фулц може и предвреме да замине во пензија.