Игор Џамбазов се одомаќи:Само дома си е дома, со баба и дедо

1158

Популарниот Игор Џамбазов сосема се одомаќи. Тој со својата девојка, алпинистката Илина Арсова ужива низ Македонија, сега и во друштво на нејзините родители. Со полно срце! Многумина им се восхитуваат и велат, само дома си е дома, кога си со баба и дедо, од тоа нема ништо послатко и помило. А, идниот зет, како мед. Така треба да биде.

Инаку, Илина и Игор ова лето почнаа од Дојран, па сега се префрлиле и по планините. Ништо да не испуштат од природно убавата Македонија. Фотографијата со родителите на Илина е направена во Јанче, село во Општина Маврово и Ростуше, каде тие се веќе подолго време. Ја посетиле и куќата на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, село Коџаџик….