ИВЗ: Сабах намаз да се извршува дома, молитви во дворовите во џамиите

154

Исламската верска заедница денеска соопшти дека нема да се одржи традиционалната манифестација за празникот Рамазам Бајрам. Откажана е од  страна на Ријасетот заради актуелната состојба со корона вирусот. Главната препорака се однесува на однесувањето на верниците во џамиите, па од ИВЗ велат молитви да се практикуваат најмногу во дворовите на џамиите. Истовремено, пренесува Фактор, препорачуваат задолжителна дезинфекција при влез во џамиите, а верниците со себе да си понесат седеџе.

ИВЗ информира дека тоалетите и местата за земање абдест ќе бидат затворени. Дел од мерките кои се задолжителни за секоја џамија се сабах намаз да се извршува дома, извршувањето на намазот на Фитр бајрам да не биде подолго од 15 минути, да нема никакви поздрави со физички контакт, да се откажат посетите на гробишта, за време на Фитр бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку, задолжителна дезинфекција на џамиите, со задолжително носење маска.