ИВЗ објави мерки кои треба да се спроведуваат во џамиите по отварањето

141

Ријасетот на ИВЗ во РСМ, по повод на отворање на џамиите и со цел за заштита на здравјето на луѓето како и спречување на ширење на вирусот Ковид 19, ги донесе долунаведените мерки, кои треба да се спроведат во секоја џамија, објави 21ТВ:​

– Дезинфекција на џамии;​
– Задолжително носење маска;​
– Чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици;​
– Секој верник треба да има лично сеџаде;​
– Што повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите;​
– Да се одржи физичката дистанца колку што е можно повеќе, меѓу верниците;​
– Забрането е престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата;​
– Верските предавања не треба да траат подолго од 10 минути.​
– Абдест да се зема дома – абдесхањата и тоалетите ќе бидат затворени;​
– Максимално да се избегнат поздравите со физички контакт.