Иван Босиљчиќ ги стопли женските срца на Долни Сарај/ФОТО/ВИДЕО

1019

Познатиот српски актер Иван Босиљчиќ вечерва во рамите на Охридско лето, ги разнежи женските срца на сцената на Долни Сарај во Охрид.

Долни Сарај е преполн, а публиката ужива во изведбата на „Нашата вечер вО Охрид“ програма специјално составена за долго очекуваната средба со публиката на Фестивалот „Охридско лето“ како што вели Босиљчиќ.

Тој рецитираше  стихови на Бодлер, Есенин,

 

како и стихови од македонските поетски великани Блаже Конески, Анте Поповски на манедонски јазик.

Публиката имаше чест да ужива и во неговата изведба на стихови од Алекса Шантиќ, Милан Ракиќ, а сите беа обоени со гитарската вибрација на фадо-звукот, ориентот и класичните ноти за што беа задолжени професорот по класична гитара и композитор Горан Ковачиќ, како и маестро Зоран Стојановиќ кој веќе три децении живее во Португалија од каде со себе го носи искуството од настапите и соработките со ѕвездата на фадо-музиката Дулче Понтес.

 

Босиљчиќ изутрина заминува за Грција каде што го очекува неговата сопруга, познатата пејачка Јелена Томашевиќ.

ФОТО/ВИДЕО/ВЕЧЕР ПРЕСС