Иванов и Црвенковски ќе куртулат од намалување на пензионерските привилегии

94

„Владата на РСМ делува во согласност со позитивните законски одредби. Доколу  има промени во однос на привилегиите на поранешните функционери на РСМ, Владата ќе ги почитува и ќе дејствува според нив. додека се на сила овие ингеренции и привилегии за поранешните функционери, односно додека е на сила истиот закон,  така и ќе се применува“, рече Муамет Хоџа – портпарол на Владатa.

Антикорупционерите вчера побараа Службата за општи и заеднички работи на Владата да ги раскине договорите за закуп на канцеларии на поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски, откако утврдиле дека Иванов си избрал канцеларии во нетранспарентна постапка во која ќар остварило негово блиско лице.