Ибра со старт за затвор

96

Раководството на МЛС Лигата започна истрага за инцидентот кој се случи на натпреварот помеѓу градските ривали Лос Анџелес Галакси и ФК Лос Анџелес (3:2) пред три дена.

При еден дуел шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ го удри со лакт Мохамед Ал Монир и му ја скрши јаболчната коска. Повредениот фудбалер падна како покосен на зелениот терен, а од фотографиите можеше да се забележи дека има дупка во лицето.

Тој ќе мора да се подложи на операција и ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната. Американските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ може да биде казнет по прегледувањето на видеоснимките.