Ибра се плаши од кам-бек во Милан

117

Златан Ибрахимовиќ стави крај на втората сезона во американската МЛС лига и тоа со пораз од градскиот ривал Лос Анџелес во четвртфиналната рунда од плејофот. Тимот на Ибракадабра, ЛА Галакси, доживеа убедлив пораз од 5:3.

На тој начин контроверзниот шведски интернационалец се збогува со американската лига, а на крајот од натпреварот, Ибра се фати за тестисите и на тој начин одговори на провокациите на противничките фанови. Нормално, таквиот потег на Златан експресно беше осуден од американската јавност која тврди дека МЛС лигата нема потреба од еден таков фудбалер.

Искусниот напаѓач има договор со ЛА Галакси до крајот на 2019 година, но веќе потврди дека планира да се врати во Европа, поточно во италијанската Серија А, од каде интерес за неговите услуги покажаа раководните лица на Милан, Интер, Наполи и Болоња.

Информацијата за можниот кам-бек на Ибракадабра во Серија А, ја искоментира и директорот на неговиот поранешен клуб Милан, Паоло Малдини.

  • Најавениот кам-бек на Ибра би бил како сон и тоа поради неколку причини. Сепак, јас мислам дека во него има и малку страв, дека нема да доминира како стариот Ибра. Се сеќавам кога Карло Анчелоти ме остави на резервната клупа, а се играше дерби натпреварот. Тогаш сфатив дека не можам да прифатам една таква сезона. Не знам дали такво нешто може да прифати Ибра, изјави Малдини.

Златан пред еден месец наполни 38 години и тешко дека во Милан ќе добие статус на првотимец иако седумкратниот европски клупски шампион има сериозен проблем со реализацијата во актуелната сезона. Во првите осум натпревари, четата на Стефано Пиоли постигна само осум погодоци.