Ибра понуден на Интер

128

Италијанските медиуми открија дека агентот на најдобриот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола, пред неколку дена имал средба со раководните лица на калчо гигантот Интер и за време на состанокот им ги понудил услугите на искусниот напаѓач.

Популарниот Ибракадабра има договор со американскиот клуб ЛС Галакси до 31 декември 2019 година, а пред неколку дена изјави дека сака да се врати во Серија А. Сепак, генералниот менаџер на „нероазурите“, Џузепе Марота изјави дека Интер нема потреба од нов напаѓач затоа што Алексис Санчез ќе биде подготвен за игра на почетокот од новата година.