Ибра докажа дека пријателството ништо не значи

144

За време на својот прв мандат на „Сан Сиро“, кога го засили италијанскиот калчолигаш Милан како позајмен играч од редовите на каталонскиот гигант Милан, Златан Ибрахимовиќ, беше најзаслужен за последното „скудето“ на „росонерите“ во италијанската Серија А.

После тој успех, Милан нема ниту еден трофеј во домашниот шампионат, а во меѓувреме, Ибра го носеше дресот на ПСЖ, Манчестер Јунајтед и на ЛА Галакси. На крајот од 2019 година, шведскиот интернационалец стана слободен играч.

Долго се шпекулираше околу тоа каде ќе ја продолжи својата богата фудбалска кариера. Во игра беа многу клубови, некои од Италија, некои од останатите европски делови, а интерес имаше и од тимот на Болоња, кој е предводен од српскиот стручњак Синиша Михајловиќ.

Нивното пријателство датира од времето кога двајцата беа дел од Интер, кога Михајловиќ му беше прв помошник на тогашниот тренер, Роберто Манчини. Не е тајна дека Србинот го убедуваше Ибракадабра да му се придружи во Болоња, но искусниот напаѓач ја прифати понудата на Милан да остане на „Сан Сиро“ до крајот на актуелната сезона, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.

Пред неколку дена искусниот 38-годишен напаѓач јавно беше критикуван од спортскиот директор на Болоња, Валтер Сабатини, кој откри дека Ибра побарал премногу пари и на тој начин докажал дека ништо не му значи пријателството со Михајловиќ.

  • Тие двајца разговараа со денови, а ние се надевавме дека пријателството ќе биде пресудно и дека Ибра на крајот ќе дојде кај нас, во Болоња. Сепак, во фудбалскиот свет пријателствата ништо не значат и тоа Златан најдобро го докажа, изјави Сабатини.