Ибраимова од Тетово: Граѓаните не се сами, има партија која се грижи за народот

59

Сенада Ибраимова, носителка на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица од редовите на политичката партија Левица денеска во Тетово ги запозна жителите на градот со партиската програма насловена „Државата за народот“. 

Носителката заедно со дел од кандидите за пратеници и партиските активисти во центарот на Тетово ги запознаа граѓаните со изборната понуда на Левица делејќи програма и флаери.

Левица е најбрзорастечка партија во Македонија. Во Тетово јас како носител на кандидатска листа на изборна единица веќе сум вторпат тука на теренски активности, а членството кое го имаме  секојдневно делат флаери и ги запознаваат луѓето со нашата програма. Одлично поминуваме, задоволни сме. Сакам да упатам порака до тетовчани дека не се сами, дека има партија која се грижи за народот. Можат да го дадат својот глас за Левица затоа што единствена работничка партија која најповеќе се грижи за работникот, работничките права пред се. Порачуваме да се гласа на 15 јули затоа што е битно да се искористи правото на глас  и да се стави крај на ова 30 – годишно лудило, изјави Сенада Ибраимова.

Таа, исто така, посочи дека во „Левица“ се убедени за станување парламентарна партија и од собраниска говорница да вистински да се чуе гласот на народот.

Извор:МИА