Иакрди најблиску до „Алианц арена“

144

Близок пријател на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Мауро Икарди, потврди дека искусниот играч сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок и својата кариера да ја продолжи во редовите на големиот ривал Јувентус.

Икарди веќе со месеци е во војна со клупските челници, а на секој натпревар е навредуван од најверните фанови на Интер. Според италијанските медиуми Аргентинецот сигурно ќе биде продаден доколку понудата не биде помала од 120 мил. евра.