Иакрди бара нова средина

89

Аргентинскиот интернационалец од редовите на францускиот гигант ПСЖ, Мауро Икарди, сигурно ќе ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок. Поранешниот капитен на Интер не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има на „Паркот на принцовите“ и од соработката со шефот на стручниот штаб, Маурицио Покетино. Најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Милан, Јувентус и на Тотенхем.