Швајцарската скијачка Корин Зутер го освои првото олимписко злато во Пекинг, откако триумфираше во спуст. На тој начин таа ги обедини олимписката и светската титула во спуст.

Среброто и припадна на храбрата Софија Гоџа, која се повреди непосредно пред почетокот на Игрите, а на подиумот се најде уште една Италијанка Надја Делаго која дојде до бронзата и до најголемиот успех во кариерата.