Зума како дефанзивен столб

69

Лутиот градски ривал, тимот на Тотенхем, најверојатно ќе биде следната дестинација на францускиот интернационалец од редовите на Челзи, Курт Зума. И покрај поголемата минутажа која ја има во вториот дел од актуелната сезона, централниот дефанзивец сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок затоа што не е дел од идните планови на менаџерот, Франк Лампард. Двата клуба се седнати на преговарачката маса, а обештетувањето нема да биде помало од 25 мил. фунти.