Зошто Филип прво отиде кај Наташа?

165

Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, придружуван од американската амбасадорка во земјава Кејт Брнс ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.
Поранешниот амбасадор на САД во нашата земја Филип Рикер изрази задоволство што повторно е во посета на Битола и ја претстави новата американска амбасадорка Бернс, која за прв пат беше во официјална посета на Општина Битола.

-Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава, истакна Рикер на средбата со Петровска.

Градоначалничката Петровска посочи на идна соработка и се заблагодари на поддршката која градот Битола ја добива од страна на САД.

Инаку да потсетиме општината Битола и градоначалничката Наташа Петровска се споменуваа во аферата „Рекет“ како лица од кои биле побарани одредени услуги но дека негативно одговориле на барањата. Имено, лицата инволивирани во аферата барале бесплатна парцела за објект во Битола, како и ослободување од плаќање на комуналии во висина од милион евра.

Високиот американски функционер од Битола, работниот престој го продолжи во Скопје.