Откако се појави информацијата за евентуална борба во велтер категорија помеѓу Камару Усман и Конор Мекгрегор веднаш започна вербалната војна меѓу УФЦ-борачите.

УФЦ-шампионот во лесна категорија, испрати интересна порака до Конор Мекгрегор и фановите на боречките вештини. Американецот со нигериско потекло неодамна го одбрани појасот против Колби Ковингтон, на кого му ја искрши вилицата во тој меч.

Усман е одличен борец, а во последно време многу се зборуваше за неговиот следен голем дуел. Откако е познато дека нема да биде Хорхе Масвидал, сите погледи ги насочија кон Конор Мекгрегор.

  • Навистина не разбирам зошто секој сака овој човек да умре. Јас би го уништил Конор и тој не ми може ништо, напиша Усман на својот твитер-профил.

Усман има 33 години, додека Мекгрегор две помалку, и ако навистина се случи оваа борба и победи Конор, ќе добие шанса да биде шампион во три различни категории, нешто што досега никому не му успеало.

Интересно е тоа што Конор досега никогаш не го бранел појасот. Што се однесува до противникот, Усман е борец кој има само еден пораз во својата кариера, и тоа во втората професионална борба што ја имаше во 2013 година. Од тогаш забележа 15 победи. Тој го имаше своето деби во УФЦ кон крајот на 2015 година, има направено 10 борби досега и во моментов е непоразен.