Францускиот тенисер Беноа Пер не престанува да ја шокира јавноста со своите изјави. Тој откако испадна во првото коло на АТП турнирот во Акапулко од Гркот Стефанос Циципас, кажа дека намерно загубил.

-Загубив во првото коло и сега се чувствувам многу подобро. Полесно ми е што испаднав од турнирот, бидејќи сега можам да си уживам неколку дена пред да заминам за Мајами. Тенисот моментно не е мојот приоритет, изјави Пер и додаде:

-Доаѓам на турнир, заработувам пари и потоа одам на друг турнир. Го праван тоа што го сакам. Ако освоите турнир од АТП серијата 250, ќе заработите 30.000 долари. Јас добив 10.000 бидејќи играв само во првото коло. Зошто се мачите да заработите малку повеќе?

Ваквиот став многу ги иритира навивчаите и многумината учесници на тениските турнири. Пер одлучи да припадне на онаа група тенисери кои сакаат да бидат омаразени од публиката, како што се Австралијците Бернард Томиќ и Ник Кирјос.