Зошто пејачката Ана Бекута го даде синот во Дом за сирачиња?

583

Популарната пејачка Ана Бекута или Нада Полиќ многу рано станала мајка. Таа својот син Игор Полиќ го родила како гимназијалка на 17 години и тоа во вонбрачна заедница. Во тоа време тоа било голем срам. Затоа била приморана детето да го остави во Дом за сирачиња. Но по толку години Игор ја разбира нејзината одлука. Па одлучи да проговори за својата болка, својата мајка Ана. – Откако знам за себе знам дека таа била принудена еден дел од животот да биде без мене….Таман работа на мајка ми да и замерувам што морала да ме даде во Дом, никогаш за тоа не и префрлив. Мојата мајка морала да го направи тоа, бидејќи тогаш таков бил Законот, објаснува Игор. А, самата пејачка открива дека сакала да го роди Игор, но немала можности да го одгледува. – Сакав да родам дете, но на моите родители им нанесов болка со моето безобразно однесување.

– На седумнаесет години имав здрава и зрела одлука да родам дете, што и да се случи на овој свет. Бев малолетна, односите во семејството, не ни беа воопшто добри. За да се смири состојбата го дадов Игор во Дом. Тој остана таму осум и пол месеци, јас доаѓав на секој десет дена да го видам и се враќав. Дури кога се среди состојбата во семејството, кога на мое инсистирање родителите конечно прифатија да дојдам со Игор дома, го донесов. Беше мај, а јас го прескокнав тој тинејџерскиот живот и станав мајка која менува пелени. Игор беше плод на една врска во која и двајцата бевме незрели за брак. Гимназијата ја напуштив по втора година, а раѓањето на Игор ја забрза мојата одлука вака професионално да се занимавам со музиката….Инаку, Ана е денес една од најпопуларните балкански пејачки и живее вонбрачно со поранешниот српски министер за инфраструктура, Милутин Мркоњиќ.